ВестиКултура

„Инспирација или имитација 2.0“ – уметноста во дијалог со новите технологии

Во галерискиот простор на КИЦ беше поставена изложбата „Генеративна уметност: Инспирација или имитација 2.0“ на македонскиот академски сликар Роберт Цветковски, која ја отвори директорот на КИЦ Белград, Васко Шутаров. Проектот, поддржан од Министерството за култура и туризам, е реализиран во соработка со архитектонското и дизајнерско студио АРХИКС, претставено од Ален Цветковски, Натали Велеска, Сара Велеска и Андреј Цветковски.

Преку поврзување на сликарството, архитектурата, дигиталните медиуми и вештачката интелигенција, поставката го отвори актуелното прашање – каде завршува инспирацијата, а каде започнува имитацијата? Мотиви од делата на Цветковски беа трансформирани во архитектонски концепти, скици и дигитални фотоманипулации, додека посебен сегмент го истражуваше влијанието на вештачката интелигенција врз уметничкото дело.

Роберт Цветковски е присутен на македонската уметничка сцена повеќе од три децении, со над 40 самостојни и повеќе од 200 групни изложби во земјата и светот. Изложбата во Белград беше достапна за посетителите до 20 август.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button