Вести
Актуелно

Институционална поддршка и јасни приоритети: Средба со Министерот Демо Бериша

Во контекст на зајакнување на институционалната соработка и унапредување на положбата на македонската заедница во Србија, беше реализирана работна средба помеѓу претставниците на Македонскиот национален совет и министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог, Демо Бериша.

На средбата присуствуваа претседателката на Советот, Зорица Митровиќ, и директорот на Новинско-издавачката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, Озрен Симјановски, кои го запознаа министерот со актуелните прашања и тековните активности од значење за македонската национална заедница во Република Србија.

Посебен акцент во разговорите беше ставен на подготовките за свечената академија по повод одбележувањето на 80 години од доселувањето на Македонците во Србија – настан од исклучително значење за заедницата, кој има за цел да ја афирмира историјата, идентитетот и придонесот на Македонците во општествениот живот на земјата.

Воедно, беше потенцирано и значењето на јубилејот – 30 години дипломатски односи меѓу Република Србија и Република Македонија, како важна основа за понатамошно продлабочување на соработката и негување на традиционално пријателските односи меѓу двете држави.

Соговорниците се осврнаа и на положбата на македонската заедница во Србија, при што беше нагласена потребата од континуирана институционална поддршка на активностите на националните совети, како и од понатамошно унапредување на правата во духот на инклузивноста, почитувањето на различностите и рамноправноста на сите граѓани.

Средбата претставува значаен чекор кон продлабочување на дијалогот меѓу институциите и создавање услови за одржлив развој и афирмација на македонската заедница во Србија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button