ВестиКултура

15 години здружение МАКЕДОНИУМ во Белград

Здружение кое во  изминативе  години делуваше како своевиден макаедонски културен центар, реперезент и промотер на  традиционалната и современата македонска култура и уметност во Белград

Здружението ,,Македониум” од Белград во текот на ноември месец 2023 година одбележа 15 години на своето постоење и делување. По повод овој голем јубијел организирани се неколку културни настани во Белград, а како круна организирана е и долгоочекуваната македонска вечер во еден од белградските ресторани.

Вечерта ја отвори пејачката група ,,Македониум” со химната на здружението, а гостите ги поздрави членката на Управен одбор Елисавета Ивановиќ.

Оркестарот ,,Фактор бенд” од Битола од самиот почеток направи вистинска веселба: песни, игри, радост, насмеани лица, растреперени срца, души разиграни, за миг се веќе се разви орото. Масите и столовите брзо се испразнија, а подиумот и сиот празен простор во салата го исполнија весели и распеани играорци, со раце подигнати угоре и лица озарени со насмевка.

И така во недоглед: песна-оро, оро-песна, песна и оро, оро и песна, сѐ до доцна во ноќта.

Песна-оро, оро-песна
Најмладите и најубавите Македониумки

На распеаните и разиграни Македониумци друштво им правеа и претставниците од македонските здруженија од Вршац, Јабука и Сомбор.

Вечерта ја разубави и младиот стендап комичар Ненад Стефановски.

Денес, петнаесет години од своето формирање улогата која „Македониум’’ ја има во Р. Србија ,,ги надминува рамките на самото здружение. Тоа со своите културни активности на најрепезентативен начин ја претставува македонската заедница во Р. Србија’’.  Воедно е и промотер на македонската култура  на овие простори преку организирање на најразлични видови манифестации на кои гостуваа истакнати македонски ументици, научници, културни и научни установи. Во првите петнаесет години од  формирањето реализирани се над три стотини активности со преку 1000 учесници од Србија и  од Македонија. Огромен  волонтерски ангажман за едно невладино и непрофитабилно  здружение кое успеа да најде свое место во културното миље на српската метропола. Здружение кое во  изминативе  години делуваше како своевиден макаедонски културен центар, реперезент и промотер на  традиционалната и современата македонска култура и уметност.

Во изминативе петнаесет години работевме тимски со голема љубов и ентузијазам во конструктивна и толерантна атмосфера. Бевме и останавме единствени во нашите цели  и задачи кои  доброволно не обединуваат да ја презентираме нашата македонска посебност и култура во градот и во  земјата во која живееме – истакнува Елисавета Ивановиќ.

Почетоците на ,,Македониум”

Здружението „Македониум“ основано е на 15 ноември 2008 година. Пролетта, таа година, група Македонци, ентузијасти, свесни за нужноста, оправданоста и правовременоста за организирање на Македонците во Белград, дојде на идеја да се основа здружение на граѓани од македонска националност во Белград. Иницијативниот одбор го чинеа: Станимир Бакрачески, Душица Илин Шеќеровска, Виктор Б. Шеќеровски, Лазо Апостоловски, Сњежана Апостоловски, Викторија Симиќ, Елисавета Стојановска Ивановиќ, Душан Митановски, Иван Иванов и Симеон Георгиевски.

Основачкото собрание, одржано е на 14 јуни 2008 година во Белград, во присуство на 38 граѓани. Воведно излагање имаше Елисавета Стојановска Ивановиќ која ја истакна потребата за основање на здружение, ги посочи  неговите цели и задачи и предложи здружението да го носи името „Македониум“ што беше едногласно прифатено. Усвоен е Статутот на Здружението,  Станимир Бакрачески е избран за застапник.

Министерството за државна управа и локална самоуправа на Р. Србија, на 10 септември 2008 година, донесе Решение Здружението на граѓани од македонска националност „Македониум“, со седиште во Белград, ул. Хиландарска 4, да се запише во Регистар, под ред. бр. 14037, како здружение на граѓани кое го застапува и претставува Станимир Бакрачески.

Во наредните два месеци, иницијативниот одбор ги заврши потребните подготовки за одржување на изборната седница на Собранието која се одржа на 15 ноември 2008 година, во Домот на културата „Вук Караџиќ“ во Белград, во присуство на 360 лица. Овој датум е прифатен како официјален ден на здружението Македониум.

Од оснивачкото собрание

По Станимир Бакрачевски, во 2011 година за претседател и застапник е избрана Елисавета Стојановска Ивановиќ, додека од 2019 година здружението успешно го води Зорица Митровиќ.

Станимир Бакрачевски и Елисавета Ивановиќ
Зорица Митровиќ и Елисавета Ивановиќ

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button