Ѕуница – ноември 2021
ЗБОР НА УРЕДНИКОТ
Драги дечиња, поздрав!
Се надевам дека сте добро.
Вирусот Корона е и понатаму опасен. Чувајте се ве молам.
Есента полека поминува, доаѓа зимата. Полека ќе дојде и денот на вашиот распуст. Се надевам дека ќе уживате. А дотогаш ве молам, само учење и да се редат петки во училиштето.
Во овој број повторно ќе се дружите со нашиот поет Саво Костадиновски. Тој, како што ви кажував, живее во странство, но пишува за сите дечиња. Каде и да се.
Ќе ви кажувам и за две различни животни. Секако ќе можете да уживате и во веќе традиционалните рубрики „Забави се”, како и „Легендите за македонските градови”. Повторно и овој пат ќе ве запознаем со нов град.
Па драги мои дечиња, уживајте во уште еден број на вашата омилена „Sуница”.
До следно читање драги мои!