КултураМакедонија

Фотопатување низ Македонија во 1980тите

Македонија во очите на фотографот Драгољуб Замуровиќ

1. Берење пиперка во Струмица, август 1980

Не знам дали е тоа затоа што сум роден во знакот на бикот но црвената боја отсекогаш ме привлекувала. Птом ги забележав овие вреќи со пиперки веднага застанав таму и останав да фотографирам неколку часа.

2. Македонски ќумурџија, јули 1985 година

Вниманието ми го привлече густиот црн чад што се креваше од рамнината. Кога се приближив видов двајца ќумурџији. Едниот направи пауза за да му додаде уште малку чад на телото.

3. Манастир Св. Архангел Михаил, Варош (Прилеп), 01.08.1985 година

Легендата вели дека оваа црква што наликува на орловско гнездо ја изградил Марко Краљевиќ со украдени пари пред околу десет века. Дури и да е тоа вистина се чини дека е една од најубавите.

4. Охрид, август 1985 година

Познатиот фотограф Ернст Хаас еднаш рече дека музиката многу влијаела на неговиот фотографски опус. Гледајќи ги сега овие деца што ги снимив на крајбрежјето на Охридското езеро како да го слушам почетокот на Петтата симфонија на Бетовен: та, та, та, тааа.

5. Македонија, август 1985 година

Ја фотографирав Македонија за „Југословенска ревија” на Kodachrome 64 филмот кој можеше да ја претстави оваа речна машина за перење во неверојатно рашкошни бои.

6. Струга, август 1985 година

Македонија отсекогаш ме привлекувала и затоа си дадов задача да направам фотомонографија за оваа република. За жал, во меѓувреме Југославија се распадна и идејата никогаш не се реализираше. Сепак останаа многу фотографии. Оваа е снимена на Охридското езеро кај Струга.

7. Трескавец кај Прилеп, септември 1985 година

Тие години снимајќи ги луѓето, нивното секојдневие и обичаите во Македонија она што го забележав и што навистина многу ми се допадна беше нивната непосредност. Не се криеа и јавно да ги покажуваат своите чувства.

8. Македонски овчар, февруари 1986 година

Се возев од Гостивар кон Дебар кога покрај пат го видов овчарот како го носи младото теле на грб. Ја запрев колата и му пристапив. Тој ми позираше љубезно, со пријателска насмевка.

9. Охрид, август 1987 година

Морам да признаам дека сум југоносталгичар, но не поради тогашните властодршци и неранимајковци кои едвај чекаа да се скараат меѓу себе си и да ја распарчаат оваа прекрасна земја по национален клуч. Ја сакав таа земја од Триглав до Дојран. Ги сакав сите добри луѓе што живееја во неа. Со голема љубов почнав да фотографирам за проектот фото-монографија на Македонија. За жал, крвавата фрагментација на земјата резултираше со прекин на проектот. Остана само спомен и по некоја фотографија.

10. Гроздобер кај Кавадарци, 1988 година

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button