ФИШЕР VS СПАСКИ 1
Во денешниот текст ќе се осврнеме да ривалитетот помеѓу Боби Фишер (САД) и Борис Спаски (СССР). Прв дуел помеѓу нив се одигра на светско првенство во шах 1972, а вториот незваничен шампионат се играше во Белград во 1992. година. Во денешниот текст конкретно ќе се осврнеме на нивниот прв дуел.
Шампионатот се одржа во аренатата Лаугардалшол во Рејкјавик, Исланд и беше наречен натпревар на векот. Фишер стана првиот Американец роден во САД кој ја освоил светска титула.Победата на Фишер, стави крај на 24-годишната Совјетска доминација на Светското првенство. Не треба да се заборави дека дуелот меѓу двајцата велемајстори се случи во екот на Студената војна и дека во САД беше претставен како победа на Америка над СССР, односно тогашниот Источен блок.
Поштенската марка од 1972 – Исланд
Конечниот резултат беше 12½–8½ во корист на Фишер, со што стана единаесетти светски шампион. Спаски победил во вкупно три партии, а Фишер во седум. Единаесет партии беа нерешени.
Првиот натпревар се одигра на 11 јули 1972 година. Последниот натпревар (21-ви) започна на 31 август, беше прекинат по 40 потези, Спаски ја предаде партијата. Во следниот текст детално ќе го разгледаме нивниот втор дуел од 1992 година.
Финалната позиција на првата партија, победа на Спаски – Nimzo-Indian defense
Финалната позиција на последната партија, победа на Фишер – Sicilian, Taimanov Variation
Во наредниот текст подетално ќе се осврнеме на нивниот втор дуел.