ВестиКултураМакедонија
Актуелно

Усвоена спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград

На редовната 16 седница на македонската влада, оджана на 22.02.2022 година, разгледан е и усвоен усогласениот текст на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за основање на Културно-информативни центри во Скопје и во Белград, која треба да ја потпише министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Се очекува Спогодбата да биде потпишана во рамките на посетата на министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ на Македонија, која ќе се реализира на 24 и 25 февруари. Во името на Владите на двете држави, спогодбата ќе ја потпишат министрите Бујар Османи и Никола Селаковиќ.

Со спогодбата ќе се овозможи отворање на културно-информативни центри, како и регулираат модалитетите на нивното функционирање. Целта е создавање услови за зголемување и зајакнување на културната размена и поврзаноста меѓу граѓаните на двете држави – истакнуваат од Министерството за надворешни работи.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button