БлогВестиМакедонија

Улогата на бугарските клубови во македонската држава

Во македонската држава одеднаш почнаа да се отвараат неколку бугарски клубови на
граѓани во формат на невладини здруженија на граѓани, а како наведуваа бугарските
власти, основна цел на тие клубови е да ја негуваат културната, национална,
историска и јазична посебност на македонските граѓани кои себе си се декларираат
како Бугари.
И од тој аспект нема ништо спорно во постоењето на бугарските клубови, ако
навистина нивната задача е да бидат места за културен развој, за негување на
традицијата, во овој случај на бугарскиот народ. И такви клубови веројатно се
добредојдени во секоја демократска држава, во секое општество кое ги почитува
основните човечки права.
Ама во овој случај, во случајот на бугарските клубови во македонската држава
работите отидоа во друг смер. Прво клубот во Битола, па во Охрид, па очекуваниот во
Богданци и сите тие со имиња кои несомнено ги претставуваат фашистичките имиња
низ историјата. И така истите станаа провокација во македонската држава, затоа што
како е можно да се слават личности со фашистичко минато, како е можно земја членка
на Европската унија да подржува отварање на културни установи чие име претставува
некоја личност од историјата кога подржувала фашизам или нацизам.
И во тој контекст нормален е отпорот на македонскиот народ, нормален е отпорот на
граѓаните кои се пред само неколку децении бореле против истиот тој нацизам и
фашизам.
Од другата страна, нормално е и да бугарските власти прават такви и слични
провокации, нормално е затоа што однапред знаат дека тоа ќе ги испровоцира
македонските граѓани и дека ќе превземат активности кои не секогаш се во согланост
со законскиот и правен поредок.
Ама не е нормално да земја членка на Европската унија и понатаму директно
промовира личности од својата национална историја кои имаат политичко минато
поврзано со фашизмот и нацизмот. Не е нормално кога повторно европскиот
континент е предмет на воени активности да се промовираат личности кои посредно
или директно допринеле во најзлосторничката епоха на човековата цивилизација. Не е
нормално да држава која е членка на Европската унија да воопшто спомнува такви
имиња истовремено водејќи антифашистичка политика и тврдејќи дека не е на ниту
еден начин поврзана со фашистичкото и нацистичкото минато на одредени
политичари од нејзиниот национален корпус.
Ама од тој аспект овој проблем воопшто и не се толкува. Тука се повторно главни
виновници обичните граѓани на македонската држава кои го искажуваат своето
несогласување, кои го искажуваат својот револт.

Додека пак македонските политичари си седат со скрстени раце гледајќи како нивните
бугарски колеги ги прогласуваат и македонските граѓани и македонскиот народ за
хомофобични националисти.

И тука се наоѓа всушност неправдата. Кога си членка на Европската унија, кога ти е
дозволено се да чиниш од позиција на полноправна членка на Унијата, вклучувајќи ги
и нештата заради кои животот го изгубиле милиони луѓе на европскиот континент,
сметајќи дека другата стране толку слаба, толку немоќна и толку неодржлива да не
може ниту реторички да ти каже колку сето ова не е во ред и колку сето ова е во
спротивност не само со основните принципи и вредности на Европската унија, туку и
во спротивност со основните човекови принципи.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button