ВестиКултура

Традиционален прием по повод чествувањето на Илинден во Ниш

Еден од најголемите празници на македонскиот народ Илинден – Здружението на Македонците „Вардар“ во Ниш го прослави 1-ви август во салата на Градската општина Медијана со традиционално организирање на богат прием. На приемот присуствуваа претставници од бројни институции од културата, образованието, локалната самоуправа, здруженија на граѓани, медиуми и дел од сограѓаните, како и членовите на здруженето кои се потрудија да направат богата македонска трпеза, убава и за око и за душа.

Присутните ги поздрави претседателот на здружението Благе Петрушевски, кој додели и неколку благодарници на соработниците на здружението за успешна и квалитетна долгогодишна соработка. Пред крај на приемот спонтано се разви и македонско оро, да го употполни овој македонски настан.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button