Вести
Актуелно

Сензационален успех на Дарио Ивановски во Белград – второ место на 39. маратон

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски приреди вистинска сензација на 39. издание на Белградскиот маратон 2026, освојувајќи го второто место во главната маратонска трка и освојувајќи награда од 3.000 евра.

Ивановски истрча извонредна трка со време од 2:09:35, постојано држејќи чекор со водечките натпреварувачи и рамноправно конкурирајќи им на доминантните африкански атлетичари. Победник на маратонот беше Gudeta Gada Gemsisa, кој постави и нов рекорд на патеката, додека третото место му припадна на Кениецот Johani Erout.

фото Танјуг

Овој резултат претставува еден од најголемите успеси на атлетичар од регионот на Белградскиот маратон во последните години и уште една потврда за континуираниот напредок на македонската атлетика.

По трката, Ивановски истакна дека Белград за него има посебно значење: „Секогаш се чувствувам како дома кога настапувам тука. Поддршката од публиката беше неверојатна и ми даде дополнителна сила во клучните моменти од трката.“

На годинашното издание на Белградскиот маратон учествуваа повеќе од 14.500 натпреварувачи од 79 земји, од кои 2.350 во маратонската трка, што дополнително го нагласува значењето на овој успех.

Настапот на Ивановски претставува гордост за македонската заедница во Србија и силна мотивација за младите спортисти да веруваат дека и од овие простори можат да се постигнат врвни резултати на меѓународната сцена.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button