МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

СВЕТСКИ ШАМПИОНАТ ВО ШАХ ЗА ЖЕНИ

Во денешниот текст ќе се осврнеме на светскиот шампионат за жени. Бранителот на титулата во женска конкуренција Ју Венџун од НР Кина и се соочува со предизвикувачот од НР Кина Леи Тинџија. Првенството започна на 5 јули и се игра за награден фонд од 500.000 евра.

Турнирот се игра во 12 партии, при што првата шахистка што ќе постигне 6,5 поени станува шампионка. Шахистките имаат 90 минути за првите 40 потези, проследени со уште 30 минути за остатокот од играта, плус зголемување од 30 секунди по потег почнувајќи од првиот потег. Понуда за реми не е дозволена пред 41. потег. Во случај на нерешено се игра тајбрејк по следен распоред:

• Четири игри со контрола на времето 25+10.

• Две игри за контрола на времето 5+3.

• Уште две игри со контрола на времето 5+3.

• Еден натпревар со временска контрола 3+2. Играчите го повторуваат овој чекор со наизменични бои додека не се постигне одлучувачки резултат

Наградниот фонд е 500.000 евра, од кои 300.000 евра одат за победникот, а останатите 200.000 евра за вториот играч. Доколку натпреварот се реши во тај-брејк, 275.000 евра оди за победникот, а 225.000 евра за вицешампионот.

Турнирот се одржува во два кинески града. Првите шест натпревари сеиграт во Шангај, додека останатите во Чонгкинг.

Моменталниот скор е 2/2, после 4 изиграни партии (4 ремизирани)

Финалната позиција – партија бр. 1

Финалната позиција – партија бр. 2

Финалната позиција – партија бр. 3

Во наредниот текст подетално ќе се осврнеме на преостанатите партии.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button