КултураНајави

Режисерот Александар Поповски со претстава во Белград: Младите денес живеат со стравови

Најавувајќи ја претставата, „Алиса во земјата на стравовите“ (Алиса у земљи страхова) која се одржа на сцената „Љуба Тадиќ“ во Југословенскиот драмски театар во Белград, Поповски рече дека живееме во време на стравови – страв од неуспех, недостаток на време, слобода, промени, политика, неизвесност… “Многу ми се допаѓаат кратките форми за сопствените стравови напишани од Ева Махковиќ. Од нашите разговори произлезе идејата да се напише драма користејќи ликови и сцени од „Алиса“, притоа пишувајќи за сите стравови со кои се соочуваат луѓето денес, особено младите“, вели режисерот Поповски

Познатиот македонски режисер Александар Поповски кој успешно создава театарска магија и надвор од границите на нашата држава, деновиве имаше премиера на својата најнова претстава „Алиса во земјата на стравовите“ (Алиса у земљи страхова) на сцената „Љуба Тадиќ“ во Југословенскиот драмски театар во Белград. Оваа претстава, по текст на Ева Махковиќ, двапати беше одложувана поради пандемијата, за конечно публиката да има можност да го види магичниот свет на Александар Поповски, во кој, преку безисленоста од заблудите на сегашноста, младите ги демнат различните типови на општествените околности: од теророт на политичката коректност и растечките барања на работодавците до откажувањето од сопственото семејство. Така, бројни ликови од „Алиса во земјата на стравовите“ се возрасни млади девојки кои се пробиваат низ кошмарот, кој воедно е и живот. Најавувајќи ја претставата, Поповски рече дека живееме во време на стравови – страв од неуспех, недостаток на време, слобода, промени, политика, неизвесност…

“Што се однесува до стравот, многу ми се допаѓаат кратките форми за сопствените стравови напишани од Ева Махковиќ. Од нашите разговори произлезе идејата да се напише драма користејќи ликови и сцени од „Алиса“, притоа пишувајќи за сите стравови со кои се соочуваат луѓето денес, особено младите. Мојата генерација отсекогаш слушала совети од постарите: „Полека, животот е пред тебе, имаш уште многу време“. Денешната генерација најмногу слуша: „Немаш повеќе време, крајно време е или ти истече времето“. Кога човек нема време, тогаш само испорачува резултати, бидејќи тоа му треба на системот – готов резултат. Потребно ви е време за создавање, потребен ви е простор за грешка и простор за досада, што е многу важно за креативноста. За мене секоја креација е чудо. Скратувањето на времето убива креативност“, вели Поповски во интервјуто за “Политика.рс“. Притоа исто така додава “Ние уметниците сме креатори на светови и илузии. Без уметност, овој свет би бил целосно празен и безличен. Без навреда на адвокатите и банкарите, но замислете свет без уметност. Тоа е како храна без вкус“.

Насловната улога во претставата ја има Милена Радуловиќ, која дебитираше во театарот.

“Практично не ја напуштам сцената во претстава која трае два часа. Нашата претстава е посебна форма која е модерно напишана со елементи на апсурд и реализам, со песни… Сакав да прифатам таков ризик и да се вратам на театарската сцена. Тотално излегов од комфорната зона, бидејќи пеам во претставата, а никогаш не сум знаела како да го направам тоа. Па, научив“ – вели Радуловиќ. Како што додава, режисерот Александар Поповски покажал голема храброст бидејќи ја избрал за насловната улога во толку голем проект.

“Не бев сигурна дали ќе одговорам на задачата што ми беше дадена, но Поповски е прекрасен режисер и човек кој работи во Европа и регионот… Тој форсира одлична работа со актерите. Сите актери во претставата имаа уметничка надградба благодарение на Поповски…“- вели Радуловиќ.

Претставата говори за сите тие стравови низ визијата на триесет и петгодишната Алиса, која Радуловиќ ја оживеа на сцената.

“Алиса поминува низ различни ситуации прикажувајќи различни стравови. Многумина ќе се најдат во нејзините предизвици. Ева Махковиќ генијално го напиша тој текст во кој се вклучени сите ликови од делото на Луис Керол. Во нашата претстава Алиса доаѓа на терапија кај Белиот зајак… Со техниката на хипноза, таа влезе во нејзиниот живот и во се што можеше да и се случи… во нејзините стравови. Има стравувања од промената што ја носи породувањето, од кариерата и напредувањето, од минувањето на времето, од неуспешните идеали…“, посочи Радуловиќ.

А на сцената со неа се и Небојша Љубишиќ, Слобода Миќаловиќ, Радован Вујовиќ, Милан Мариќ, Јована Беловиќ, Ива Стефановиќ, Тамара Шустиќ и Денис Муриќ.

Сценографијата ја осмислија Нумен / Форусе и Вања Магиќ, а костимограф е Миа Поповска. Музиката за претставата ја компонираше Марјан Неќак.

Новите репризни изведби се во четврток 10 февруари и понеделник 21 февруари.

Извор
Вечер

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button