ВестиКултураМакедонија

Почина Димче Мешковски истакнат театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист

Почина Димче Мешковски, македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје, а почина на 77 годишна возраст.

Беше глумец во Драмски театар-Скопје.

Остварил улоги во многу театарски претстави како „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, телевизиски серии како „Македонски народни приказни“, радио-драми и хумористични серии меѓу кои и „Хихирику“ и играни филмови како „Викенд на мртовци“.

Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови меѓу кои и Гаргамел во „Штрумпфови, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button