ВестиПопис 2022

Попис 2022 – Македонка Елизабета Јорданоска

Сликарката Елизабета Јорданоска за повеќе од две децении создаде богато уметничко творештво и реализираше две самостојни изложби, во Белград и Вршац. Таа е наивен сликар кој работи традиционални мотиви, инспирирана од македонскиот фолклор во кој доминира фигуративното сликарство збогатено со декоративност и орнаментика. Нејзините слики остават впечаток на раскошен колорит, со разиграна композиција во која цртежот динамично го освојува просторот. Исполнети со носталгичност и мотиви кон фолклорот и традицијата, оставаат впечаток на модерни ликовни решенија поради наивниот и свеж сликарски наратив со експресионистички потези. Сликите се исполнети со слобода, радост, мистичност и љубов.

Јорданоска е родена 1976 година во Скопје, каде што завршила средно медицинско училиште. Живее и создава во Белград. Член е на АСУ од 2015 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button