Поезија која ќе се слуша меѓу Македонците во Србија
По повод стогодишнината од раѓањето на еден од најголемите современи македонски културни дејци Блаже Конески, здружението Македониум доби подарок од над 100 цедиња со аудио записи на неговата поезија, од дискографската куќа ,,Југотон”.
Според замислата на издавачот, овој промотивен ЦД треба да најде пат до секој Македонец во дијаспората и да претставува значајно културно богатство во оваа форма. На средбата во Белград, претседателката на здружението Македониум Зорица Митровиќ, изрази благодарност за овој убав гест со заложба песните на Блаже Конески да допрат до сите македонски здруженија во Србија. Дел од нив ќе бидат веќе поделени на одбележувањето на празникот св.Климент, на 7 декември, што ќе се одржи во Библиотеката на град Белград. Во името на дарителот, Наталија Цајиќ се заложи за идна соработка со здружението Македониум на слични проекти.