БлогВести

Охридскиот договор помеѓу Вучиќ и Курти под менторство на Европската унија

Минатата сабота конечно, со посредување на Европската унија, се одржа фамозниот состанок помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на приштинските институции Аљбин Курти. Очекувањата беа огромни, но сепак резултатите скромни, а и неизвесни, имајќи го во предвид фактот дека ништо не е потпишано. Она што е сигурно тоа е дека репортерите сигурно беа преморени. Преговорите започнаа во 10 часот наутро, а беа завршени после полни 12 часа. Со усвојување на анексот кој би требало да донесе спроведување на европскиот предлог за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина Европската унија прогласи победа након охридските маратонски преговори, тврдејќи дека потпис не е потребен, но дека договореното ќе биде реализирано.

Од другата страна се огласи и американскиот специјален представник Габриел Ескобар који исто така им честита на Вучиќ и Курти за политичката храброст и мудрост, истовремено тврдејќи дека Европската унија има механизми кои ќе го гарантираат спроведувањето на договореното. Вучиќ исто така рече дека е задоволен од преговорите, дека не потпишал ништо во својство на претседател со цел да не даде меѓународно-правен легитимитет на документот, а истовремено потврди дека Србија ги зачувала своите витални интереси држејќи се до своите црвени линии.

Курти пак рече дека бил спремен за потпишување, дека Србија го одбила тоа, ама дека договореното е договорено без обзир на тоа што не се ставени потписи. Е сега сме во ситуација кога приштинските власти ќе мораат први да испорачат резултат. А тоа е формирање на Асоцијација на српски општини на Косово и Метохија или, како рече шефот на европската дипломатија Жозеп Борељ, некој модел на самоуправување на Србите кои живеат на Косово и Метохија.

За почеток битно е дека охридските преговори не пропаднаа. Нешто е договорено, барем усмено, некој документ е составен, истовремено објавен на официјалните страници на Европската унија, а суштината е дека сите овие обврски стануваат дел од преговарачкиот процес со Европската унија.
Или ќе одиме напред, Србија и цел регион. Или ќе стоиме во место. Изборот, како и секогаш, зависи од нас. Впрочем тоа го потврди и српскиот претседател само еден ден после долгоочекуваните охридски преговори.

Сепак не треба да бидеме и премногу амбициозни, знаејќи ги политичките прилики на Балканот, но и пошироко на европскиот континент. Реализирање на обврските од европскиот предлог за нормализација на односите сигурно ќе го приближи Белград и целиот регион до европските партнери, пред се на економски план, ама не треба да изненади и доколку тоа не се случи, па се оди во смер на додатно комплицирање на околностите на теренот.

Тоа зависи од сите нас. Од граѓаните, политичарите, од таканаречениот надворешен фактор. Мирот на Балканот е всушност секогаш поглед кон иднината, но прашањето над сите прашање е дали на сите им одговара одржливоста на мирот. Ако гледаме од економски агол, мирот претставува основен предуслов, ако гледаме од политички контекст, можеби на некој му одговораат политички тензии и ограничени безбедносни компликации.

Сепак, да се вратиме чекор назад. Од народот и политичарите на Балканот се зависи. Дали ќе градиме стабилни и предвидливи односи, зацементирани на економската добробит на сите или и понатаму ќе си играме политички игри занемарувајќи ги основните потреби на нашите граѓани кои чезнеат за подобро, поуспешно и одржливо утре.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button