ВестиКонкурси
Актуелно

Отворен годишниот конкурс на Македонскиот национален совет за доделување на средства за суфинасирање на програми, проекти, активности и редовни дејности на македонските организации во Србија за 2022 година

Конкурсот се распишува во следните области:

Финансирање и суфинансирање проекти во област на културата (765.000 динари):

– манифестации (етно фестивали, денови на македонската култура, книжевно поетски вечери, концерти, етно поставки и изложби, трибини…);

– одбележување на   националните празници (02 август, 08 септември, 11 октомври, 11 декември)

– развој на културно-уметничката дејност (учество на манифестации, поставка на кореографии, организација на колонии…)

Финансирање и суфинансирање проекти во област на образование (662.000 динари):

–          Едукативни работилници (етно, јазички, уметнички, младински, детски)

Финансирање и суфинансирање проекти во област на информирање (165.000 динари):

–          Развој на информативните капацитети на македонски јазик (проекти кои имаат за цел информирање на македонски јазик, мултимедијални промотивни проекти)

Финансирање и суфинансирање проекти во област на службена употреба на јазикот и писмото (60.000):

–          Проекти кои имаат за цел имплементација на службена употребна на јазикот и писмото (изготовка на двојазични табли, изготовка на двојазични акти, превод на документи)

Со Буџетот на Националниот совет за 2022 година за наведените активности предвидено е  1.652,000,00динари.

Во рамките на конкурсот, можат да се предиват и редовни трошоци на здружението – закуп на канцеларија и пропратни режијски трошоци – струја, вода, грејање, интернет и друго.

Пријавите на конкурсот се поднесуваат на македонски јазик со назначување за која намена средствата се бараат, со износи заокружени на илјада динари.

Рок за поднесување на пријавите е 05 02 2022 година.

Одобрените средства за проектите ќе се исплатуваат периодично. Претседателот на Националниот совет има право, односно го задржува правото да за одобрените проекти, сходно на приливот на средствата од страна на Буџетот на Р.Србија и АП Војводина , ги намали или зголеми определените средства.

Поради условите на здравствената криза предизвикана од страна на вирусот Ковид 19 пријавите можат да се поднесат и скенирани по пат на маил: info@nsmakedonaca.org.rs

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button