КултураМакедонци во светот

Онлајн конференција за македонските писатели во странство

Онлајн конференцијата “Книжевното творештво на македонските писатели во странство – анализи, компарации, насоки” ќе се одржи на 22.11.2022 година, со почеток во 11 часот.

Конференцијата ќе биде составена од три дела: воведен дел со настап на проф. д-р Христо Петрески, дебатен дел – со настап на сите заинтересирани дискутанти, манифестационен дел – со настап на сите автори – поети и писатели. Конференцијата ќе трае два часа од 11 до 13 часот.

Сите заинтересирани за учество и настап можат да се пријават (најдоцна до 15.11.2022 година) на следниот мејл: info@inaku.mk и да ги испратат своите песни, раскази и текстови со кои ќе настапат (една песна до 30 стиха, еден расказ од најмногу една страница или еден текст од најмногу една страница), а сите прилози ќе бидат дел од дигиталното издание кое ќе биде подготвено по одржувањето на Конференцијата.

Организатор на онлајн – Конференцијата е Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ – Скопје.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button