Олег Киреев и Васил Хаџиманов – џез симбиоза за чист хедонизам!
Најголемиот етно џез пијанист во Србија, Васил Хаџиманов, и најголемиот етно џез саксофонист во Русија, Олег Киреев, настапија со придружба на Виктор Филиповски (тапан) и Мирослав Товирац (бас гитара) на 23ти февруари 2023 на сцената на клубот BitefArtCafe во Белград. Во полна и задимена сала за љубителите на џезот беа изведени композиции проткаени со руски, башкирски, српски и македонски традиционален мелос а сето ова е обвиткано со модерен стил на музика.
Васил Хаџиманов и Олег Киреев пред две години започнаа соработка, истражувајќи го спојот на традиционалната музика со западниот, модерен, стил на музика која што резултираше со создавање на сосема нов проект на руско-српскиот џез – повеќе етно колорит во џез класиката. Авторските композиции се изведени во нови аранжмани. Делата на Хаџиманов се освежени со харизматичниот звук на саксофонот на рускиот музичар додека композициите напишани од Киреев се збогатени и обоени со балканскиот ритам.
Автентичното мајсторство и талентот на двајцата музичари беше раскошно представено пред публиката како круна на симбиоза за музичките хедонисти!
Со раѓањето во Башкирија Олег Киреев беше предодреден да го проткајува музичкото наследство на две различни култури – европската и азиската. На светската сцена Олег Киреев се експонира четериесет години како прв руски музичар кој комбинира етно-џез мотиви со башкирски народни инструменти. Киреев создава автентичен стил како резултат на фузија на традиционалниот и латиноамериканскиот џез, африканскиот ритам и азиската етно музика.
Има објавено повеќе од 15 албуми а некој од нив се и наградени како најдобри џез албуми. Зад себе има настапи на многу меѓународни џез фестивали.
Олег Киреев, саксофон
Васил Хаџиманов, пијанист, композитор, аранжер, педагог, композитор на филмска музика за документарци, играни филмови и телевизиски серии
Гените на предците, чувари и интерпретатори на традицијата, кои ги обележаа музичките простори на Балканот задолжително се вплеткани во личноста на Васил Хаџиманов. Богатото искуство на фолклорот и пораката на претходниците, Хаџиманов ги преобликува во автентичен музички исказ со кои публиката секогаш ја изненадува со нови композиции во џез музичката линијата во кои се скрени етно мелодиите.
Сите албуми и музиката на Васил Хаџиманов се прогласени за уметнички дела од културно значење за Србија.
Виктор Филиповски, тапан
Во последните неколку години Виктор Филиповски станува еден од најангажираните тапанари на македонската џез сцена. Настапува на голем број студиски снимања, концерти, како и на многу престижни фестивали и клубови во Европа, Америка и Азија. Од 2018ма година работи како професор на Џез академијата на Универзитетот Гоце Делчев, Штип, отсек тапани. Виктор станува член на бендот Васил Хаџиманов во 2020 година.
Мирослав Товирац потекнува од музичко семејство од БиХ. 2009 година се приклучува на бендот Васил Хаџиманов со кој настапува ширум Европа.
Мирослав Товирац, бас гитара
фото: Искра Пенева