КонкурсиКултураМакедонија

Објавен конкурсот за учество на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ги објавија конкурсот и пропозициите за учество. Заинтересираните автори треба да се пријават до крајот на идниот месец.

На деветто издание на поетскиот фестивал може да учествуваат сите поети од Македонија и Балканските земји во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години на слободна тема.

– Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик. За учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик задолжително се доставува препев на македонски или на англиски јазик). Песните треба да се достават во WORD документ, наведуваат од одборот за организација на фестивалот.

Покрај личните податоци, секој учесник задолжително треба да достави и адреса и место на живеење, возраст и телефонски број за контакт. Творбите се испраќаат на електронската пошта на фестивалот: literaturniiskri@yahoo.com.

– Доставените песни ќе ги оценува тричлена жири-комисија, која ќе одлучува за наградите и ќе изврши селекција на авторите кои ќе бидат застапени во заедничката збирка. Авторите кои нема да ги исполнат во целост наведените услови во конкурсот нема да се разгледуваат, појаснуваат од одборот.

Крајниот рок за пријавување е 31-ви март, 2021 год.

Фестивалот „Литературни искри“ годинава се организира по деветти пат, во чест на 24-ти Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button