ВестиИнформирањеТВ емисии

Ново телевизиско издание на македонската редакција на РТВ2 – „Муабетења“

Македонската редакција на Радио-телевизија Војводина започнува со нова емисија под
наслов „Муабетења“, која ќе ја носи свежината на современиот разговор, отворајќи
простор за актуелни теми, културни настани и значајни личности од јавниот живот на
Македонците во Србија и пошироко.
Во првата епизода, која се емитува во четврток во 13:40 часот, специјална гостинка e
Зорица Митровиќ, претседателка на Македонскиот национален совет во Србија. Преку
искрен и содржаен разговор, таа ги сподели своите согледувања, планови и визии
поврзани со зачувувањето и унапредувањето на македонскиот идентитет, култура и јазик
во Србија.


За сите кои нема да имаат можност да ја следат премиерата, редакцијата обезбеди
реприза – во петок во 14:20 часот.


Македонскиот национален совет со особена чест ги повикува сите припадници на
заедницата, како и пошироката јавност, да ја следат оваа нова емисија и да бидат дел од
нејзината приказна. На редакцијата и упатува најискрени честитки со желби за успех,
голема гледаност, долга традиција и инспиративни соговорници, кои ќе остават трага и ќе
ја збогатат медиумската сцена.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button