ЗапознавањеКултураМагазинОбразование

Наставничката од насловна страна

Наставничката по Македонски јазик со елементи на националната култура во Основното училиште ,,Коста Стаменковиќ” во Лесковац Ивана Стојановска Станковиќ неодамна се најде на насловната страна на списанието ,,Разбибрига” во Србија.

Покрај тоа што е креативна и вредна наставничка Ивана е и единствената мајсторка на филигранот во овој дел од земјава, која се занимава со дизајнирање и изработка на накит. Накитот го изработува од сребро, полускапоцен камен проткаен со многу љубов. Ивана е дипломиран графичар, а за филигранот учеше во најдобрите македонски училишта, по Академијата за ликовни уметности во родното Скопје. Се усовршуваше и во Италија.

Нејзиниот накит претставен е и на голем број на изложби во земјава и во странство, а една од најинтересните се репликите на римскиот и средновековен накит од збирката на Народниот музеј во Лесковац, како и нејзин авторски накит инспириран од предметите во музејската збирка.

Како наставничка по македонски јазик, Ивана е една од омилените во Лесковац. Посветена и креативна во работата, често организира ликовни работилици со децата и активистите на здружението ,,Илинден” од Лесковац со кое што има одлична соработка.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button