ИнформирањеТВ емисии
Македонско Сонце- 21 12 2025

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-По повод на одбележувањето на 21 година од постојањето на Националниот Совет на Македонската Национална заедница, во Белград е одржан свечен настан посветен на хуманоста и солидарноста
-Здруженијето ,,Вардар“ од Качарево организираа свечена програма ,,Нашата Приказна низ 2025 година“
-КУД ,,Васил Хаџиманов“ и Здруженијето Илинден од Јабука организираа хуманитарен концерт, со целта да се подржи изградбата на православниот Храм Св.Илија од Јабука
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.