ИнформирањеТВ емисии

Македонско сонце- 11 08 2024

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:

-Председателка Гордана Силјановска Давкова, по повод на 2. Август-Илинден,денот на Републиката, го посети манастирот Св.Прохор Пчињски. Таму се сретна со председателот на Р. Србија, Александар Вучиќ, со кого ги потврдија традиционално, пријателските односи меѓу двете земји.

-На 2.Август во Јабука е одбележана 121 годишнина од Илинденското востание, и пред бистата на Гоце Делчев се поклонија и цвеќе положија представниците на Националниот Совет, здружението Илинден Јабука, представници на локалната самоуправа од Јабука.

-По прв пат, во храмот СВ.Пророк Илија во Јабука се одржа литургија на македонски јазик, од македонски свештеник, јеромонахот Дионисиј Богев од манастирот Беркасово во Срем

-Исто така, на 2. Август Илинден во Пландиште членовите на здружението Македонски Бисери, со пригодна програма го одбележаа празникот

-На 1.Август во Качарево, македонско здружение Вардар, традиционално организира прослава во пресрет на големиот македонски празник Илинден

Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button