ИнформирањеТВ емисии

Македонско Сонце- 10 08 2025

Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:

-Во очи Илинден, во Качарево беше одбележан овај голем македонски празник. Во просториите на Здруженијето ,,Вардар“ се одржа поетска и ликовна работилница. Исто така, најмладите и ветераните од Здруженијето направија шаховски турнир. Одбележувањето го подржа и Националниот Совет

-На втори август, Илинден во Јабука почна со литургијата на македонски јазик, каде беше прочитана и посланицата на поглаварот на македонската правослана црква,архиепископот Охридско-Македонски Господин Господин Стефан

-Положени се и венците пред бистата на револуционерот Гоце Делчев.

-Исто така, беше одржана свечана седница на Македонскиот Национален Совет, на која беа соопштени значајни вести. На седницата присуствуваја и Иван Бошњак, државниот секретар во Министерството за човекови и малцински права, и Золтан Кудлик, помошник на покрајински секретар за култура и национални заедници.

-Централниот дел на програмата беше гастрономскиот спектакл ,,Гравче на тавче“ , каде што бројни здруженија ги представија својите рецепти и производи, а мирисот и вкусот ги собра љубителите на добра храна од сите крајишта.

-Отворена беше и изложбата на дела создадени на ликовната колонија, шаховски турнир и бројни спортски настани. Потоа беше одржан концерт на кој настапија пеачки групи и културно уметнички друштва, а особено внимание привлече оркестарот со зурли и тапани од Вевчани

-Исто така на втори август, во просториите на Културни Центар ,,Вук Караџиќ“ во Пладиште, членовите на Здруженијето ,,Македонски Бисери“ со пригодна програма го одбележаа празникот Илинден

Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button