ИнформирањеТВ емисии

Македонско сонце – 08.01.2023.

Во празничното издание на емисијата ,,Македонско сонце” имате прилика слушнете за Бадниковите и Божиќните обичаи, претставени од Данче Томашевиќ, Македонка која што живее во Нови Сад и ја чува, негува и пренесува таа традиција и на своите деца, како и од Љубица Дојчиновска од Качарево, која што е дел од ансамблот ,,Тоше Проески”. Ансамблот ја изведе божиќната песна ,,Небо и земја” во специјално аранжиран амбиент на здружението ,,Вардар” од Качарево.

Успешно се завршени работилниците за македонски јазик во здружението ,,Кирил и Методиј” од Нови Сад.

Емисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button