Македонско Сонце- 04 05 2025
Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
– 04 05 1903год е денот на страдање на големиот македонски револуционер Гоце Делчев
-Националниот Совет во соработка со мисијата Опсе во Белград, започна со процес на изработка на национална стратегија на Македонската заедница во Србија, со оглед на тоа дека претходната беше со рок на важност од 2013-2023год
-На 07 04 се обележува Светски ден на здравјето, и здруженијето Македонијум по тој повод организира неколку работилници и предавања
-Во Радничка улица во Нови Сад, Анастасија Весиќ одржа работилница по калиграфија
-Емисијата имаше можност да присуствува на пробата на Новосадскиот театар, каде што се сретнавме со Дејан Пројковски, редител на представата ,,Мајката храброст и нејзините деца“
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.