ИнформирањеТВ емисии
Македонско Сонце- 03 08 2025
Во најновата емисија ,,Македонско сонце” имате прилика да ги проследите следните теми:
-По повод големиот македонски празник Илинден, драмската секција ,,Видоје Дојчиноски Даскалот“ при Здруженијето ,,Вардар“ од Качарево, подготви двојазична представа наречена ,,Илинденски Времеплов“
-КУД ,,Васил Хаџиманов“ од Јабука постои веќе 70 години. Преку игра и песна ја негуваат српската и македонската традиција, а нивните членови,без обзира на возраст, со гордост го чуваат она што го наследиле од претходните генерацијии
Eмисијата се емитува премиерно секоја недела со почеток во 18:00 часот на Втората програма на РТВ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.