Во Центарот за култура „Градац“ во Рашка, Србија, отворена e изложба од сите стрипови пристигнати на конкурсот „Помирување – регионално помирување после војна“. Изложбата е дел од истоимениот проект на Стрип-центар на Македонија-Велес.
На конкурсот пристигнаа дела на млади македонски автори, како и на автори од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
Во конкуренција на повеќе од 50 стрипови, жирито додели неколку награди: Во категоријата средношколци Јелена Павловиќ од Белград освои прво место, Aнгела Ајтовска од Скопје – второ место и Aнастасиа Терзиќ од Рашка, Србија – трето место. Ана Мари Пејчиќ од Сараево доби награда за најдобро сценарио, а Николина Жуљевиќ од Сомбор, Србија, е наградена за најдобар цртеж.
Во категоријата основци наградени се три ученички од Скопје: првото место го освои Ана Марија Качева, Бојана Лазаровска – второ место и Анастасија Петровска –трето место. Маја Ќетковиќ – најмлад учесник од Будва, Црна Гора, и Анастасија Велковска од Скопје доби специјална награда.
На оваа изложба, како и во специјалниот каталог, вклучени се и стрипови кои беа пријавеи вон конкуренција.