ИнформирањеТВ емисии

Македонската празнична традиција

Во тек се празничните денови во кои православните христијани го слават раѓањето Христово. Во тој дух е и емисијата „Македонско сонце„ која целосно е посветена на традиционалните обичаи на Македонците во Војводина.

Така имавме прилика да ја запознаеме и Данче Томашевиќ од Нови Сад која постојано се труди со македонската празнична традиција да ги запознае и своите деца.

  • Бадник и Божиќ се мои омилени празници. Ме врзуваат посебни емоции и многу им се радувам. Празниците во Македонија почнуваат со коледе, кога рано наутро, додека бев мала, едвај чекав да се разбудиме и запееме коледарски песни – се присети Драгана Томашевиќ која ја претстави и својата празнична трпеза.

Здружението на Македонците „Вардар„ од Качаево и оваа година ги израдува децата со новогодишните пакетчиња. Во вистинска празнична атмосфера, децата имаа можност да се дружат со Дедо мраз и да уживаат во програмата.

Еден од организаторите на оваа традиционална манифестација е и претседателот на здружението „Вардар„ Сима Најдовски.

  • Ние секоја година ја организираме поделбата на пакетчиња. Оваа година националниот совет на Македонците ја помогна оваа манифестација со парични средства со кои купивме пакетчиња на сите деца од кои многумина на школо го учат македонскиот јазик – изјави Најдоски по повод на оваа прекрасна манифестација.

Во продолжението на емисијата можете да проследите и како помина музичкиот новогодишен концерт под името „Довровечер соседе„ во Културниот центар Вршац во кој чуварите на традицијата ги изведуваа песните на македонски, романски, русински, хебрејски, руски, украјински и српски јазик, како и изјавите на Дарко Ристески член на музичката група ,, Исток 10,, и претседателката на здружението ,,Вардар,, од Вршац Весна Мицевска Антал.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button