Деновиве во Белград се одржува традиционалната манифестација Денови на македонската култура. Станува збор за традиционален настан кој со години наназад, благодарејќи на ентизујазмот на бројни Македонки и Македонци во Белград, во најдобро светло и на најдобар начин ја претставува посебноста на македонскиот народ промовирајќи ја посебноста на македонската култура низ уметноста, музиката, филмските и драмски остварувања, но и посебноста на македонската храна, вина, специјалитети и традиционални обичаи на приготвување. Овој настан за некого можеби претставува само уште еден проект во низот на проекти кои ги реализира македонската заедница во Србија. Овој проект можеби за некого претставува само утврдена пракса веќе видена во претходните години. Но суштината е сосема друга. Затоа што со овој проект, со овој настан, со деновите на македонската култура во Белград македонската заедница во Србија не само што ја промовира својата посебност и автентичност во однос на другите балкански и европски народи, туку ја покажува и својата космополитска вредност и спремост секогаш на најдобар начин, во духот на различностите, да го прикаже сето она што ги чини Македонките и Македонкците посебни, а што со гаранција ќе им се допадне и на другите граѓани на српската држава.
Затоа, всушност културата е еден од столбовите за промоција на било која држава во современите меѓународни односи. Денес, во 21 век, државите не се препознатливи само заради нивната политичка, војна или економска моќ, туку истовремено се препознатливи и влијателни покажувајќи ја својата богата култура, историја и традиција, негувана и очувана низ вековите, дури и кога не постоела современата организација на државите во класична смисла на дефинирање.Тоа е случај и со македонската држава. Иако македонскиот народ релативно касно се стекна со својата вековна желба за суверена и независна македонска држава, тој успеа низ сите овие векови, војни на Балканот, различни влијанија и политички притисоци, да ја сочува својата посебност, култура, историја и традиција. Често негирана од многу, но истовремено реална и фактичка, постоечка и како таква македонска.
Баш затоа се битни деновите на македонската култура во Белград, во Србија, но и во секој град на светската мапа. Само така ќе се направи македонската држава препознатлива. Само така македонската држава и македонската посебност ќе стане видлива во општествата на големите народи и нации. Само така македонскиот народ и македонската држава ќе успеат да ги сочуваат фактите за својата историја и посебност.
Денес не ни се потребни војни со оние кои ги негираат и Македонците и македонскиот јазик и македонската војна. Денес не ни се потребни тензии и човечки жртви. Денес е потребно да се издигнеме над балканските и локални тензии, да ја покажеме низ уметност, музика и специјалитети македонската посебност затоа што е тоа единствен начин да се сочува, одржува и промовира сето она што го имаме, сето она што другите го немаат и ја користат секоја прилика да не злоупотребат.