Радио емисии

Македониум – 30.03.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

  • Културниот центар Вршац потпиша спогодби за работно-техничка соработка со Националниот совет на македонската национална заедница и новинско-издавачката установа Македонски информативен и издавачки центар.  
  • Преку воннаставни активности пораките од документарниот филм „Медена земја“ кој во 2020 година се натпреваруваше за оскар, се пренесуваат на учениците на возраст од 10 до 14 години.
  • Софија Куновска по голема пауза се враќа на театрската сцена.
  • Денеска ќе бидат презентирани податоците од пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој беше спроведен од 5-ти до 30-ти септември минатата година.
  • Конфликтот во Украина и сè погласните меѓународни пораки за можно дестабилизирање на Балканот повторно го вратија Балканот во фокусот на Брисел.

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button