Радио емисии

Македониум – 16.03.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

1.Претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ, ги врачи договорите вредни 61,6 милиони динари за суфинансирање на активностите на 17 национални совети на националните малцинства заради унапредување на малцинските права на територијата на Покраината.

2. Германскиот министер за европски прашања Михаел Рот изјави дека ЕУ мора да ги забрза пристапните преговори со земјите од Западен Балкан, бидејќи во спротивно други земји, како Русија и Кина, ќе го искористат овој момент и ќе го пополнат вакуумот

3. Граѓаните како најголем виновник за застојот во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија ги посочуваат опструкциите од соседните земји кои се членки на ЕУ, но има и такви кои сметаат дека државата не направила доволно во реформскиот процес

4. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ на прес-конференција што се одржа вчера во барот на Филхармонија, објави дека „Денот на црвот“ од Симона Јованоска во издание на издавачката куќа „Или-Или“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година

5. Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин

6. По повод 86-от роденден на една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова, издавачката куќа „Арс ламина“, под својот импринт „Арс либрис“, го реобјавува нејзиното целокупно творештво за возрасни

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button