Класика, џез и фолклор – концерт на дуото “Етно – Лирика”
На 18.12.2021 година во 18 часот во Музејот на Народен театар – Белград , беше изведен целовечерен концерт насловен како „Етно – Лирика“.
Во програмата беа вклучени стари македонски народни песни кои претставуваат едно повисоко ниво на перципирање на македонското народно творештво на композиторот Сашо Ливрински. Дуото го сочинуваа Јелена Алексиќ – сопран и Магдица Манасиева – пијано.
Карактеристично и специфично за овој проект е спојот на класичната музика, џезот и фолклорот, што претставува нов вид на музичко изразување и презентирање на македонската култура, што му дава уникатност на овој проект.
Композиции кои беа изведени во програмата на овој концерт:
- „Си заљубив едно либе” – Сашо Ливрински
- „Те видов тебе и се заљубив” – Сашо Ливрински
- „Бор садила мома Евгенија” – Сашо Ливрински
- „Ој ти Пацо Дреновчанке” – Сашо Ливрински
- „Не си го продавај Кољо чифлигот” – Сашо Ливрински
- „Кажи Рајне” – Сашо Ливрински
- „Билбил пее на планина” – Сашо Ливрински
- „Ој, Јано, Јано” – Сашо Ливрински
Дуото Алексиќ-Манасиева приредија вечер за уживање, исполнета со многу музика и прекрасни емоции, а во 2022 година планираат низа настапи и концерти во цела Србија.