Искра Пенева
Искра Пенева е родена 1980 година во Белград, каде што живее и работи. Дипломирала на Математичкиот факултет. Поезија објавува во периодиката и книжевни списанија во Србија и странство. Песните и се преведени и објавени на повеќе светски јазици. Застапена е во повеќе антологиски избори на српската и македонската литература.
Автор е на збирките поезија: „Кутија со девет страни” (2002), „Оган и пеперуга” (2004), „Патеви после” (2006, коавторска поетска книга), „Некаде помеѓу” (2015) и „Fiori di luce” (2020, коавторска поетска книга, Италија).
Добитничка е на повеќе признанија и награди: за стихозбирката „Некаде помеѓу” меѓународна награда за најдобра поетска книга во 2016 г. на Струшките вечери на поезијата, награда за најдобар поетски ракопис на Меѓународниот фестивал во Риека, Хрватска, 2018 г, награда „Лингва” за превод и афирмација на македонската и српската литература во Битола, Македонија во 2019 година, прва награда за најдобар странски автор на меѓународниот натпревар на издавачката куќа Volturnia edizioni од Италија, во 2020 година… и други…
Преведува од македонски на српски и обратно.
Член е на Здружението на писателите на Србија и на Здружението на новинарите на Србија. Новинар е на порталот МАК ИНФО.
Се занимава и со визуелни уметности. Создава кратки музичко-поетски филмови. Нејзините фотографии се излагани на самостојни и групни изложби во земјата и странство.