ИнформирањеТВ емисии

Интервју со Борче Величковски, претседател на Македонскиот национален совет: Горд на годината зад нас и спремен за нови достигнувања во 2022

Најновата емисија “Македонско сонце” беше резервирана за годишното интервју со претседателот на Националниот совет на македоско национално малцинство во Србија, Борче Величковски.

Величковски зборуваше за остварените дела на Националниот совет во изминатата година ама и за плановите кои стојат пред советот и во 2022.

  • Како и 2020. година така и претходната 2021 беше обележана со пандемијата на Ковид 19, но сепак Националниот совет и сите организацији кои се под патронат на Советот, ми се чини со успех ги реализира задачите кои биле поставени, соодветно со програмите кои ги усвоивме со почетокот на годината – истакна пред се Величковски.

Претседателот на Советот потоа ги опфати и идните проекти на македонската заедница и националниот совет.

  • Годината почнува со низа проекти. За жал, или за среќа, научивме активностите да ги реализираме онлајн. Ние имаме здруженија од Суботица до Врање, една од манифестациите со долга традиција е и манифестацијата „Гоцеви денови” која ја спроведува здружението од Врање – „Гоце Делчев” и која за прв пат беше одржана онлајн, што и даде еден нов квалитет на оваа манифестација. Такви и слични активности започнуваат веќе од јануари месец. Морам да истакнам дека во изминатата години, се трудевме да во сите организирани активности испочитуваме сите напаствија од надлежните органи и здравствените институцији во Р. Србија. Можам да кажам дека се гордеам со активностите во изминатата година – истакна Борче Величковски кој во продолжение додаде:
  • Минатата година беше одбележана со многу нешта, кои беа значајни за македонската заедница. Ке спомнам и дека е реализирана и првата театарска претстава на македонски и српски јазик „Ветер во тапетите” која имаше премијера во Јабука а потоа беше изведувана во Качарево, Белград, Нови сад и други места во Република Србија. Во дело се спроведени и традиционалните манифестацији како што се Зелник фест, Промоцијата на народните носии и големиот фестивал на гајди во Качарево, Централната прослава на нашиот национален празник Илинден во Јабука. Исто така реализаран е и проектот денови на македонската култура кои беше наречен „Себе си во поход„ кои беше подржан од страната Министерството на култура и информирање на Република Србија. Многу нешта не очекува и во годината која е пред нас.

Интервјуто го водеше Александра Милошевска Масл, новата членка на редакцијата.

Во проделжението на емисијата можевте да ја проследите репортажата посветена на премијерата на претставата „Идиот„ на Ф.М. Достоевски која беше изведена во унгарскиот театар во Нови сад а којашто ја режираже македонскиот режисер Андреј Цветаноски, синот на доајенот на македонската театарска сцена, професорот Владо Цветаноски.

Емисијата се емитува премиерно секоја недела од 18 часот на втората програма на РТ Војводина. Уредник на емисијата е Златко Јанкуловски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button