Македонската национална заедница преку електорско собрание денес ја поддржа листата чиј носител е Борче Величковски, досегашниот претседател на Националниот совет. На изборите за новите членови на Националниот совет учествуваа 57 од вкупно 59 пријавени електори.
Eлекторите изразија надеж дека и во наредниот период ќе останат сплотени и со нови идеи ќе придонесат во работата на Советот.
И Македонската партија МАКСС годинава за прв пат учествуваше на изборите за Националниот совет.
– Посакувам многу успех на новиот состав на Македонскиот национален совет. Македонската странка секогаш ќе им биде искрен партнер и поддршка во работата, изјави Александар Паспаловски, претседател на МАКСС, кој исто така беше еден од електорите.
Новоизбраниот Национален совет има речиси една третина нови членови.
– Тим на Македонскиот национален совет кои до сега успешно ги спроведуваше сите активности освежен е со скоро една третина нови членови. Очекувам дека ќе продолжат со сита досегашни активности во областите на образованието, културата, информирањето, службената употреба на јазикот и писмото и сите оние елементи за заштита на нашите права во оваа држава, вели Борче Величковски, носител на листата.
Собирањето потписи за електорите кои ја претставуваа македонската национална заедница на изборите траеше од 5 септември до 5 октомври.