БлогВести

Европската полиција на македонските граници

Мисијата на европските полициски сили ФРОНТЕКС од понеделник официјално ќе ја започне мисијата на границите на македонската држава. Премиерот тоа го оцени како одлична прилика за соработна помеѓу македонските и европските партнери, истовремено ставајќи нагласок дека со овој договор, потпишан и на македонски јазик, за што се првобитно бунеа Бугарите, се потврдени, зацементирани и загарантирани посебноста и постоењето на македонскиот јазик.

Ама никој досега, ниту еден македонски медиум, ниту еден докажан македонски новинар не го поставува прашањето зошто баш во македонската држава толку европски полициски сили. Дали тоа значи дека овој македонската држава ќе биде последна брана на европските граници, наместо Турција или Грција, што беше случај во последните неколку години? И да ли македонското општество и македонските институции се спремни за соочување со нови бранови на бегалци и мигранти кои ќе ги наполнат камповите во македонската држава и зголемат притисокот на македонските граници?

Мисијата овака, не доволно медиумски испрате, делува небитно. Се чини дека Европската унија само сака да им помогне на македонските граничари да ги заштитат своите граници. Но тоа не е само заштита на македонските граници, туку и заштита на европските. Клучното прашање е што македонската држава ќе добие од тоа? Дали ќе успее како во случајот на Турција да извлече огромни финансиски средства за соочување со процесот на чување на европските граници или се, како и до сега, ќе се сведе на формална благодарност од официјалниот Брисел и испраќање на полициски снаги кои ќе ги потпомагаат македонските полициски колеги.

Факт е дека мигрантските процеси повторно доаѓаат во фокусот на европската политика. Факт е дека мигрантските бранови се повеќе се актуелни на европскиот континент иако ниту во регионот на Западен Балкан, ниту во македонската држава, не се зборува доволно за тоа.

А тоа е всушност еден од клучните безбедносни предизвици во целиот регион. Не од агол дека тоа се луѓе кои се криминалци па доаѓаат да го нарушат мирот, стабилноста и безбедноста во македонската држава и целиот регион.

Туку од агол дека тие жртви на војните, политичките и економски репресии кои се принудени да мигрираат кон Европа во меѓувреме стануваат двоструки жртви, од една страна на системите од каде ги напуштаат своите вековни огништа, а од друга страна на криминалните мрежи и системи кои се занимаваат со трговија на луѓе, нелегални мигрантски рути и бројни механизми кои мигрантите и бегалците кои се веќе жртви ги носат во позиција да бидат уште позагрозени и понебезбедни.

А покрај тоа се отвара прашањето и на безбедноста на локалното население, како во македонската држава, така и во државите кои се дел од таканаречената Балканска мигрантска рута.

Затоа што ниту локално население не се чуствува безбедно во такви услови. Кога гледаат луѓе без документи како шетаат по шумите барајќи начин да стигнат до Европската унија, кога секојдневно слушаат во медиумите како еден мигрант или бегалец или повеќе од нив загинале во железничка несреќа, или им се превртел чамецот на отворено море, или се пронајдени дехидрирани и измачени во камионските приколки.

Всушност ова е прашање кое треба сите да ги засега. Македонската држава од аспект на зачувување на институционалните капацитети за одржува на стабилната безбедносна состојба. Регионот од аспект на зачувување на регионалниот безбедносен мозаик, без додатно зголемување на криминалните активности. Европската унија од агол да ги заштити основните човекови права, а од друга страна да им овозможи и на своите граѓани, па и на граѓаните од земјите кои се во процес на придружување сигурност и стабилност.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button