Потребни состојки:
- 350 милилитри млеко
- 350 милилитри шлаг пена
- 2 лажички екстракт од ванила
- 4 супени лажици шеќер
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во тенџере и варете ги на среден оган, притоа постојано мешајќи. Кога ќе почнат да зовриваат, веднаш тргнете го тенџерето од оган бидејќи ако дозволите целосно да зоврие, кремот ќе го изгуби вкусот, како и текстурата.
Откако ќе го тргнете од оган, оставете го да се олади, па ставете го во фрижидер. Ако сакате да биде уште поблаг, слободно модификувајте ги количините на состојки. За употреба – само додајте го на вашето омилено црно кафе и уживајте!