Грижа за македонското национално единство
Претставниците на Македонскиот национален совет остварија средба со претседателот
на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во Скопје. На средбата е разговарано и за
севкупната состојба на Македонците во Србија, приоритетите и предизвиците со кои
што се соочува македонската национална заедница, и потребата за поголема поддршка
на матичната држава за истите да бидат поефикасно надминати.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која се грижи за
македонското национално единство и води грижа за сите Македонци без разлика каде и
да живеат.
Договорена е соработка на многу полиња по завршувањето на изборите и голема
поддршка за Македонците во Србија и Националниот совет во унапредување на
остварувањето на правата и поголема промоција и видливост на македонската заедница
во Србија.
На состанокот, покрај претседателката на Националниот совет Зорица Митровиќ и
претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, присуствуваа и директорот на
НИУ Македонски информативен и издавачки центар Озрен Симјановски, Марјан
Јованоски бивши македонски дипломат во Србија и Викторија Трајков стратешки
советник за меѓународна политика.