Вести

Врачени договорите за суфинансирање на активностите на националните совети во Војводина

Претседателот на покраинската влада Игор Мировиќ свечено ги врачи договорите во вредност од 61,6 милиони динари за суфинансирање на активностите на 17 национални совети на националните малцинства, кои што имаат седиште на територијата на АП Војводина, меѓу кои и Македонскиот национален совет.

„Ова е важен настан бидејќи на овој начин ја изразуваме нашата посветеност за единство, солидарност и почитување на правата на националните малцинства и покажуваме дека на најконкретен начин помагаме во спроведувањето на проектите и програмските активности на националните совети“, рече претседателот Мировиќ. . Според него, мнозинскиот српски народ и националните малцинства кои живеат заедно – секогаш, а особено во тешки времиња – мора да го зачуваат единството и да го промовираат.

Претседателот на Македонскиот национален совет Борче Величковски

Тој потсети дека покраинската влада е многу активна во последниве години во врска со изградбата и реконструкцијата на објектите што ги користат културните институции на малцинските заедници, во финансирањето на содржините од областа на издаваштвото, како и во решавањето на други прашања од значење за националните малцинствата во локалните заедници.

На Македонскиот национален совет доделени се средства во вкупен износ од 2,7 милиони динари, како и во претходните неколку години. Договорот го потпиша претседателот на Советот Борче Величковски.

Покрај на Македонскиот национален совет, договорите беа доделени на националните совети на унгарското, словачкото, хрватското, романското, русинското, ромското, црногорското, буњевачкото, украинското, германското, чешкото, египетското, ашкајлиското, грчкото, руското и полското национално малцинство. Вкупниот буџет кој што се доделува на националните совети (61,9 милиони) не е менуван во последните 3 години.

Извор
Покрајински секретаријат за образовање, прописе, управу и националне мањине – националне заједнице

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button