ВестиДетско катчеОбразованиеШах-инфо

Шаховски работилници во ОУ Гоце Делчев во Јабука

На ден 06.11.2024 година во Основното училиште Гоце Делчев во Јабука се одржа првата шаховска работилница за децата кои го изучуваат македонскиот јазик со елементи на национална култура. Шаховската работилница е планирано да се одржува еднаш неделно по еден час како дел од училишните активности во рамките на училиштето Гоце Делчев и претставува иницијатива на Националниот совет на македонското национално малцинство во соработка со шаховскиот клуб Аљехин од Панчево, која произлезе од заклучоците на неодамна одржаната конференција за подобрување на процесот на образование на македонски јазик во Србија.

На првата шаховска работилница во Јабука покрај учениците, присуствуваа наставничката Милица Колоски, директорката на училиштето Билјана Ѓуровиќ, претседателот на шаховскиот клуб Аљехин Предраг Томин, претседателката на Македонскиот национален  совет Зорица Митровиќ, секретарот на советот Марјан Јованоски и уредникот на шаховската рубрика на порталот МАК-ИНФО Ѓорѓе Смугрев, кои истакнаа дека работилницата меѓудругото има за цел да придонесе во зголемувањето на спортските и интелектуалните активности на уениците кои го изучуваат македонскиот јазик со елементи на национална култура.

Во договор меѓу Националниот совет, здружението Илинден од Јабука и училиштето Гоце Делчев, планирано е во иднина одржувањето на шаховската работилница да се префрли во просториите на Илинден од Јабука, со што здружението активно ќе се вклучи во овој проект и ќе ја превземе улогата на организатор. На тој начин најмладите припадници на македонската заедница ќе се вклучат во работата на здружението, со што се отвара дополнителен простор за нови заеднички проекти и активности во иднина.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button