Вести

Повереничката за рамноноправност Бранкица Јанковиќ го посети Македонскиот национален совет

Делегација предводена од повереничката за заштита на рамноправност Бранкица Јанковиќ го посети Македонскиот национален совет и оствари средба со делегација на Советот предводена од претседателката Зорица Митровиќ а придружувана од  директорот на НИУ „Македонски информативен и издавачки центар” Озрен Симјановски и секретарот Марјан Јованоски.  Во рамките на состанокот таа изрази задоволство што припадниците на македонската национална заедница во Србија немаат проблеми во остварувањето на рамноправноста.

Во разговорот посебен акцент беше ставен на значењето на образованието, како клучен фактор за унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани. Истовремено беа истакнати плановите, активностите и предизвиците со кои се соочува Македонската национална заедница во областите на образованието, зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, но и во културата и информирањето.

Претставниците на Националниот совет на МНЗ ги поздравија активностите кои ги спроведуваат Повереничката и нејзиниот тим со цел подобрување на положбата и остварувањето на активно учество на припадниците на националните малцински заедници во општествениот, културниот и економскиот живот во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button