Вести

Одржана седница на Македонскиот национален совет

Редовна проширена седница на Националниот совет на Македонците одражана е во Јабука. Усвоен е ребалансот на буџетот на Националниот совет, поднесени се извештаите за работата на Советот за оваа и претходните три години, а се зборуваше и за бројните активности кои ќе се спроведуваат во рамките на Националниот совет до крајот на годината.

Сепак, главните теми беа престојниот попис и изборите на националните совети. На седницата е донесен голем број одлуки и договорени се стратешките пристапи за овие две активности.

Заземен е еногласен став за поддршка на една листа на изборите. Исто така, беше констатирано и дека е многу важно Македонците на пописот да бидат сплотени и сложни.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button