Знаменити Македонци во СрбијаМАК Инфо Продукција

Елисавета Стојановска Ивановиќ

новинар (Тетово, 17 јануари 1955)

Новинарката Елисавета Стојановска Ивановиќ иницијатор е на сите информативни дејности на Националниот совет. Беше прв директор и уредник во НИУ МИИЦ. Еден е од основачите на првото здружение на Македонците во Белград „Кочо Рацин“, како и на здружението „Македониум“, чии претседател беше од 2011 до 2019 година. Од 2010 до 2018 беше членка на Националниот совет и претседателка на Одборот за информирање.  Еден е од основачите на Македонското здружение на новинари ,,МАК-ИНФО”.

Елисавета Стојановска Ивановиќ добитник е на највисокото признание на Националниот совет на македонската национална заедница ,,Македонско сонце”во 2016 година.

Со многу ентузијазам и посветеност се залага за зачувување на македонската традиција и култура, како и за положбата на Македонците во Република Србија. Авторитет е и подршка на помладите, пријател на постарите членови на здружението „Македониум“. Учествува во  проектите на здружението и еден е од организаторите на традиционалната и препознатлива манифестација „Денови на македонската култура“ во Белград  – ,,Допир на Македонија“.

Родена е на 17 јануари 1955 година во Тетово. Првото работно искуство како дипломиран журналист го стекнуваше како уредник на фабричкиот весник „Мерџан“, со оглед дека беше стипендист на прочуената текстилна фабрика Тетекс. Како новинар се изгради и оствари во Радио телевизија Скопје, чии беше дописник од Белград од 1980 година. Работеше и како уредник на ТВ емисиите на македонски јазик –  „Банатско сонце“ и „Македонско сонце“.

Пензионерските денови во Белград ги поминува работно, како потпретседателка на здружението „Македониум“ и членка на редакцијата на порталот „МАК инфо“.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button