ВестиКултура

,,Златно котле” за Македонците во Ниш

Членовите на македонското здружение ,,Вардар” од Ниш, и оваа година учествуваа на манифестацијата ,,Палилулското златно котле” (“Палилулски златни котлић” ), која што се реализира во рамките на славата на градот Ниш Светите Константин и Јелена.

Оваа година за разлика од претходните, екипата во котлето подготвуваше грав со царско месо, со кој што освоија златен медал и добија благодарница за учество на манифестацијата.

Претседател на здружението Благе Петрушевски

Покрај екипата, присутни беа и бројни членови и симпатизери на здружението, кои направија одлична атмосфера и весела дружба, заедно со останатите учесници.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button