ВестиКултураНајави
Актуелно

Милчо Манчевски на белградската премиера на “Врба”

Белградската премиера на филмот “Врба” на режисерот Милчo Мaнчевски закажана e за недела 2-ри октомври од 20:00 часот во салата на Белградскиот културен центар. По проекцијата, авторот ќе разговара со публиката.

Милчо Манчевски

Драмата “Врба” ја раскажува приказната за три Македонки кои мора да се борат со контролата врз своето тело, традицијата, лојалноста, бременостаи посвојувањето. Тие немале намера да го променат светот или општеството, но нивната борба да станат мајки ги прави неверојатни хероини. Три горчливи приказни, една средновековна, две современи, огледало и спротивни една на друга, ги истражуваат темите на љубовта, довербата и мајчинството. Во филмот играат: Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновска, Ненад Нацев, Никола Ристески, Петар Карановиќ, Ратка Радмановиќ. Ова дело е копродукција на Македонија, Унгарија, Белгија и Албанија во 2020 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button