МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

“TREEPLE CHESS”

И како што називот кажува се работи за шаховка варијација во која се вклучени тројца шахисти, при што се игра на хексагонални, кружни или триаголни шаховски табли. Вообичаене да се игра на шестоаголната табла од 96 полиња, но постојат и други варијанти.

Обично се игра според наведениот редослед на потези: Бела, Црвена, Црна.

Играта завршува кога некој ќе биде шах-матиран или кога двајцата шахисти ке бидат матирани, во зависност од договорот.

Победникот добива (1 поен), поразениот (0 поени), а третиот играч добива 1/2 поен. Правилата који се однесуваат на движењето на фигурите се различни, во зависност од тоа за која од наведените варијанти се работи.

Клучни стратешки елементи:

• Менување на сојузи: Играчите често мора да формираат привремени сојузи за да го спречат играчот што е во водство, што доведува до „сложена дипломатска стратегија“.

• Правила за елиминација: Кога играчот е матиран, неговите фигури обично се отстрануваат, оставајќи ги преостанатите двајца играчи да завршат во стандарден дуел, но постоји и опција нивните фигури да останат на таблата како „мртви“ пречки. Во прилог се најчестите форми на наведената шаховска варијација:

Tree player chess

Тријада шах

Циркуларен шах

Хексагонален шах

Според мене се работи за интересна шаховска варијација, но повеке наликува на “човече не љути се”. Во нередниот период освртот ќе биде на предстоечкиот светски шампионат, како во машка, така и во женска категорија.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button