Вести

Бочварска работилница повод за посета и дружење во Врање

Претставниците од македонската агенција за иселеништво го посетија здружението на Македонците ,,Гоце Делчев” во Врање, со коешто со години негуваат успешна соработка. На средбата во канцелариите на здружението присуствуваа и претставниците од градот Врање со македонско потекло, кои даваат поддршка на здружението.

Домаќинот – претседателот на здружението ,,Гоце Делчев” во Врање Пецо Ристески

Повод за посетета овој пат беше бочварската работилница на Зоран и Роза Ѓорѓевиќ, чии бочви се користат за добивање на квалитетен барик од страна на познати винарии во регионот и пошироко. Кавадаречкото потекло на Роза Ѓорѓевиќ ја употполни оваа нивна успешна приказна.

  • Најважно е да почитуваш и бидеш почитуван, горди сме на Билијана од Агенцијата, којашто е главната алка на целата наша дијаспора. Нејзините топли и емотивни зборови и даваат надеж во подобра иднина. Само сите сплотени можеме да бидеме успешни – истакна домаќинот, претседателот на здружението ,,Гоце Делчев– од Врање Пецо Ристески.

По работилницата гостите од Македонија ја посетија и книжарата ,,Ризница”, којашто е вистинска ризница на литература во Врање.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button