КултураМакедонија

Oбјавен српски превод на романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли

Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли.

Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година.

„Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, со лажни стварности, кое во крајна линија и самото ќе се покаже како време на омасовени илузии, и општи и лични прелаги. Во тоа време, покрај отуѓените карактери на својата негативна утопија, низ бројни духовити и ирониски пасажи, Османли го открива носталгичниот човек проектиран во блиската, отуѓена и хипермеркантилна иднина на „Европеалната унија“ составен од три концентрични круга наменети за трите категории: регуларните членови и вечни претенденти за  затворениот европски сојуз – нешто што токму во политичктата реалност на денешницава добива полна меѓународно-политичка актуелност.

Преводот на српски јазик е на писателот и преведувач Сашо Огненовски, а уредник и рецензент е писателот Ненад Шапоња.

Под знакот на книгоиздателството „Агора“, македонскиот роман излегува под уредништво и рецензентство на истакнатиот писател и издавач Ненад Шапоња. Фотографијатана кориците е на Крис Тургеон. Лектор на преводот е Снежана Савкиќ, а коректор на изданието Олга Марковиќ.

Објавувањето на романот „Бродот. Конзархија“ во српско книгоиздателство го помогна Министерство за култура на  Македонија од фондот за поддршка на објавите на македонски книги во странство.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button